Вториот тенисер во светот, Александер Зверев со убедлива победа го стартуваше настапот на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами. Германецот во второто коло беше убедлив против тенисерот од Велика Британија, Џејкоб Фрнли со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. Во следната фаза Зверев ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Томпсон и Мпеши Перикард. Шокантен пораз доживеа 14 тенисер во светот Бен Шелтон кој беше изненаден од 182 тенисер на АТП ...

Првиот носител на Мастерсот во Мајами, Александер Зверев се пласира во третата рунда со рутинска победа над Џејкоб Фернли од 2-0. Германецот играше час и 15 минути пред да си го обезбеди триумфот против овој ривал. Првиот сет Зверев си го обезбеди во своја корист со два брејка и 6-2. Веќе во вториот Фернли пружи нешто посилен отпор, но пак загуби гем на свој сервис. Со 6-4 германскиот тенисер успеа да го затвори мечот во своја корист. Следен ...