Ангелов вели дека Дирекцијата за заштита и спасување добила 18 прилагодени моќни теренски возила „пинцгауер“ со резервоари од 1 500 литри, а оти дополнително очекуваат уште пет. Исто така, на располагање им се ставени и 15 прилагодени оклопни транспортни возила „БТР 80“ со резервоари од шест тона и пет оклопни транспортни возила „хермелин“ со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе добие републичка ...

Три пожари продолжуваат да бидат активни на територијата на земјата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, активен пожар има во прилепското село Бешиште, каде што гори висококвалитетна мешана шума, како и во селото Црешнево, месноста Церо Поле во општина Македонски Брод. Уште еден пожар, има во општина Чашка, под Солунскиот врв, каде што во моментов нема активен пламен, туку само чад, додека пожарот е во карпест предел. ...

Овие возила се адаптирани да носат вода од 600 литри до 8 тони. Премиерот Мицкоски посочи дека многу по подготвено се очекува сезоната на пожари. Возилата се адаптирани со помош на одговорни фирми и поединци, без пари од Буџетот. Противпожарните возила ќе бидат во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели годинава нема да ми треба гранка за да каснам пожари. Добивме прва републичка ...