Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва пред самитот на земји кои се подготвени да помогнат во гарантирањето на евентуалниот мировен договор меѓу Украина и Русија. Франција и Велика Британија ја предводат иницијативата за формирање на таканаречена „коалиција на подготвените“, која би била составена од земји подготвени да обезбедат безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот меѓу ...

Европските челници ја потврдија својата долгорочна поддршка за Украина на самитот во Париз во четвртокот, но се чини дека постигнале мал напредок во поглед на улогата што би можеле да ја играат во обезбедувањето безбедносни гаранции доколку се постигне мировен договор со Москва. Британскиот премиер Кир Стармер рече дека лидерите се согласиле за потребата од поголема поддршка за Украина за да се осигура дека таа е во најсилна можна позиција за ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп. Самитот, како што рече Макрон минатата недела, треба да овозможи ...

Франција ќе обезбеди околу 2 милијарди евра дополнителна воена помош за Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, обвинувајќи ја Русија за реинтерпретација и препишување на неодамнешните ограничени договори за прекин на огнот. „Можам денес да објавам 2 милијарди евра дополнителна воена поддршка за Украина“, рече Макрон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Макрон додаде дека противтенковски ракети, ракети ...