Шаленберг ќе ја преземе функцијата од канцеларот во заминување Карл Нехамер, кој најави оставка во текот на викендот, откако не успеаја неговите напори да формира коалиција без учество на Слободарската партија. Нехамер планира да се повлече во петок. Кабинетот на претседателот Александар Ван дер Белен објави дека тој формално ќе му довери на Шаленберг „да ја води привремената влада“. Тоа ќе биде втор пат Шаленберг да биде премиер на Австрија. ...
Министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, положи заклетва и стана привремен канцелар на Австрија. Шаленберг го наследи својот партиски колега, Карл Нехамер, кој поднесе оставка по неуспехот да формира центристичка коалициона влада без крајната десница. До формирањето на новата влада, Шаленберг ќе ја извршува функцијата канцелар, а истовремено ќе остане и шеф на австриската дипломатија. Привремениот избор на Шаленберг за канцелар му ...
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска положи заклетва како привремен канцелар на земјата. Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен изјави дека функцијата му ја доверува на членот со најдолг стаж на федералната влада, објави јавниот сервис ОРФ. Шаленберг привремено ја презема функцијата канцелар откако Карл Нехамер од Австриската народна партија поднесе оставка по неуспехот на преговорите за формирање ...
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека е уверен оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе признае дека Гренланд е дел од Кралството Данска, иако тој призна дека реториката на Трамп понекогаш може да биде „дестабилизирачка“. Зборувајќи за радио Би-Би-Си, Лами рече дека од првиот мандат на Трамп било јасно дека интензитетот на неговата реторика и непредвидливоста на неговите изјави понекогаш може да ...