Ако за некој мој филм ми требаше мислење , го барав од Илинка зашто ако некој сестрано го познаваше филмот како феномен и како уметност, тоа беше таа. Ова го кажа филмскиот режисер Столе Попов на денешната комеморација во Кинотеката на Македонија, по повод смртта на Илинденка ( за пријателите Илинка) Петрушева, наш истакнат филмски критичар, публицист, истражувач на македонската кинематографија , долгогодишен раководител и советник во Кинотеката ...
Извонреден познавач на филмот чии филмски рецензии се учебник за концизна и прецизна филмска критика, пред сè извонреден човек и голем другар. Со овие зборови се простија блиските соработници од Илинденка Петрушева (4 август 1944 – 5 септември 2025) на комеморацијата што во нејзина чест ја организираше нејзината матична установа – НУ Кинотека на Македонија. Колеги, пријатели и членови на семејството зборуваа за нејзинот придонес во развојот ...
Членови на семејството, пријатели, колеги, соработници, другари се збогуваа со Илинденка Петрушева (81), извонреден познавач на филмот чии филмски рецензии се учебник за концизна и прецизна филмска критика на комеморацијата што во нејзина чест денеска ја организираше нејзината матична куќа, Кинотеката на Македонија. Петрушева, филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и 25 години уредник ...

