Еден од најдобрите македонски ракометари, Милан Лазаревски не го криеше задоволството од новиот пласман на Македонија на Европско првенство. Според македонскиот ракометар, без никакво потценување на Литванците, ние сме тие кои единствено заслуживме место во европската елита. „Одигравме одлична одбрана, но во второто полувреме мора да признаеме дека нападот ни беше конкретен, одличен. Секако и централниот блок беше денеска одличен, Аларов, ...

Македонија и 15-та година по ред ќе биде дел од големо ракометно натпреварување, откако ја совладавме Литванија со 26-17 во Скопје и како второпласирани во групата одиме на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. „Без разлика на крајниот резултат, ни на крај на памет мене не ми доаѓа да се дозирам кога станува збор за националниот тим. Со ваква поддршка, кога цел народ ти дава ветер во грб, едноставно не смеам да си дозволам луксуз ...

Македонија ја оправда улогата на фаворит против Литванија и патува во Скандинавија, каде во јануари ќе се одигра Европското ракометно првенство. И на вечерашната средба со Литванците, кружниот напаѓач Милан Лазаревски водеше голема битка на линијата од шест метри, а по победата уште еднаш потврди дека кога се игра за Македонија нема штедење – се игра до последен атом. „Без разлика на крајниот резултат, мене не ми доаѓа на памет да се дозирам и ...