Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, соопшти дека според сите досегашни извештаи, изборниот ден поминал во мирна и достоинствена атмосфера, без поголеми неправилности. „Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог – очекуваме голема промена. Знаеме дека граѓаните очекуваат ...
Според првичните резултати објавени од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од вториот круг на локалните избори, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бележат водство во повеќе општини и во Град Скопје. Во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ има 58.820 гласа, додека Левица е на второто место со 33.714 гласа. Во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ доби 12.135 гласови, додека кандидатот на СДСМ има 6.683. Во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ води со 9.925 гласа, пред кандидатот Стевче кој ...
Вечерва, само еден час по затворањето на гласачките места, пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се поставува бина, каде што според најавите од партијата ќе се одржи прослава по повод очекуваната голема победа во вториот круг од локалните избори. Од партијата велат дека резултатите од теренот им даваат основа за оптимизам и славеничка атмосфера. Пред седиштето веќе се поставува разглас, светлосна опрема и партиски обележја, а се очекува ...
Изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. ВМРО-ДПМНЕ очекува одличен изборен резултат. Очекуваме во вториот круг разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес конференција. – Очекуваме огромна победа во секоја општина во која имаме кандидат за градоначалник. Очекуваме убедлива победа во Скопје – рече тој на новинарско прашање. – Знаеме дека граѓаните ...

