Вардар и Олимпија Љубљана ќе одиграат пријателски меч во Раденци, Словенија, а во тимот на словенечкиот тим ќе го нема македонскиот репрезент. Димитар Митровски, кој направи рекорден трансфер од Вараждин во Олимпија за еден милион евра, што е највисок трансфер во словенечкиот фудбал, не е со тимот. Од информациите од Олимпија Љубљана велат дека тој ќе му се приклучи на тимот во текот на утрешниот ден. Пријателскиот меч стартува од 17:30 часот. ...
Македонскиот репрезентативец и интернационалец Димитар Митровски и официјално се приклучи на тимот на Олимпија, каде што летово направи трансфер. Поради семејни обврски, поточно свадба, Митровски доби неколку дена плус одмор од вообичаеното, и затоа меѓудругото не беше ниту дел од мечот, против Вардар пред два дена во Раденци. Митровски по одлично одиграната сезона во тимот на Вараждин, направи супер трансфер во Словенија, во шампионот на оваа ...
По победата над Будуќност, Вардар денеска ја имаше втората пријателска средба во подготвителниот период, противник на македонскиот тим беше словенечкиот шампион, Олимпија Љубљана. Нашиот Димитар Митровски кој неодамна потпиша за Олимпија Љубљана, не беше дел од овој меч, тој од утре ќе му се приклучи на словенечкиот тим. Што се однесува до натпреварот, Словенците беа подобар противник иако Вардар беше сосема рамноправен во голем дел од ...