Цените на нафтата утринава лизнаа додека трговците го насочуваат фокусот кон денешните разговори во Вашингтон, каде што Володимир Зеленски ќе се сретне со Доналд Трамп во присуство на повеќе европски лидери и шефови на ЕУ и НАТО. Бренд се движеше под 66 долари за барел, а WTI под 63 долари — нивоа што укажуваат дека „геополитичкиот премиум“ моментално слабее додека пазарот чека јасни сигнали за можен пат кон прекин на огнот. По самитот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски и дел европските лидери во Белата куќа. Ова се клучните точки од средбите: Прашањето за неприфатливоста на членството на Украина во НАТО беше дискутирано долго пред претседателот Путин“, изјави Трамп. Територијалните прашања ќе бидат дискутирани на трилатерален состанок“, кажа Зеленски Не можам да го замислам следниот состанок за Украина без прекин на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, три дена откако се сретнаа и по разговорите во Белата куќа со лидерите на Украина и европските сојузници. „Тукушто разговарав со претседателот Путин индиректно и ќе имаме телефонски повик веднаш по овие состаноци денеска“, изјави Трамп за новинарите додека се среќаваше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово испрати остри пораки до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на нивната средба во Вашингтон. „Можеш да ја завршиш војната ако тоа го сакаш – или можеш да ја продолжиш“, порача Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека „Крим е изгубен“ и дека членството на Украина во НАТО е „исклучено“. Овие изјави се толкуваат како дополнителен притисок врз Зеленски пред преговорите, особено по ...