„Штом на ’Портокалов‘ (Лазе) ќерка му Дарија е тука, сѐ е во ред.“ Ова била една од последните пораки што 16-годишната Драгана Минова ѝ ја испратила на својата мајка Ирена, само неколку часа пред да го загуби животот во пожарот. Мајката појасни дека „Портокалов“ е прекарот на обвинетиот обезбедувач Лазар Захариев, чие присуство (и присуството на неговата ќерка) на младите им влевало лажна сигурност дека вечерта е безбедна. Тоа била порака дека ...
-По 16-ти март, животот на моето семејство не е веќе ист. Нашите деца не починаа од природна смрт, беа убиени, задушени. Имаа право на свој живот, на своја среќа. Болката што ја носиме секој ден е тешка. 63 бројот не треба да биде запишан на хартија туку бројот 63 се човечки животи. Како да му објаснам на моето дете што ми остана, дека треба да се научи да живее со болката, кога 63 дупки беа откопани и потрупани со црна земја“ раскажуваше ...
Мајката на загинатата Драгана Минова, Ирена Минова, денеска сведочеше во процесот за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. – Тука сум не само затоа што сум силна, туку затоа што ѝ ветив на мојата ќерка дека кога ќе дојде денот ќе ја зборувам вистината за сѐ она што го доживеав и видов таа ноќ. Денеска би сакала да зборувам за тежината на еден родител што ја носи во својата душа, како мајка што ја изгуби ќерката и како глас на 62 млади ...

