Општина Бутел ја поместува границата за финансиска поддршка за пензионерите од општината, сподели градоначалникот Дарко Костовски. „Почитувани пензионери ве известуваме дека јавниот повик за финансиска поддршка е продолжен до 13.07.2025. Право на финансиска поддршка ќе остварат: Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел. Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 21.909 денари, ...

На сметките на 1.388 пензионери што се приматели на старосна, инвалидска, семејна или на социјална пензија и се жители на Општина Кисела Вода, денеска ќе легнат по 2.500 денари. Станува збор за финансиска помош од Општината што дополнително го покрива персоналниот данок, кој не е пресметан во овие средства. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека со оваа мерка, финансиска помош добиваат пензионерите чии примања не надминуваат 22.640 денари. ...

Општина Бутел продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери. Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.000,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена. ...