Во документот поднесен од Левица се нотира дека носењето на неопходните измени на Изборниот законик е вонредно и неодложно со цел одржување успешен, фер и демократски изборен процес што, како што додаваат од партијата, е темелна уставна вредност и во согласност со препораките на меѓународната заедница Пратеничката група на Левица до Собранието поднесе предлог-закон за изменување на Изборниот законик, по итна постапка. Потегот следува откако ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пред малку едногласно го усвоила упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, со што партијата Левица останува без можност за платено политичко рекламирање. Информацијата ја потврди претседателот на АВМУ, Зоран Трајчевски. -Упатството е усвоено. Предлозите на Левица како спротивни на Изборниот законик не се прифатени. Членовите на Советот едногласно го усвоија – вели ...

Уставниот суд оформи предмет по поднесената иницијатива на Левица со која бара Судот да го поништи Упатството за радиодифузерите за локалните избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АAAВМУ), според кое оваа партија останува исклучена од можноста за платено политичко рекламирање, и покрај тоа што има шест пратеника во Собранието. Левица бара од Судот да донесе и итна времена мерка веднаш вон сила да се стави упатството на ...