Имав особена чест да ги примам медицинските тимови од Државата Израел (16 члена) и Чешката Република (6 члена), во придружба на нивните амбасадори, пред заминувањето. Тие, заедно со веќе заминатиот српски медицински тим од ВМА, извршија стотина операции во соработка со македонските лекари. Се работи за лекари со врвно знаење, професионалност, хуманост, пожртвуваност и етика. Убаво е да се чујат комплименти за нашите лекари, како и изразена ...
Медицинскиот тим од Израел се покажа како еден од највпечатливите во напорите за спасување на тешко повредените од трагедијата во Кочани. Во само еден ден, во средата, израелските лекари извршиле 23 сложени операции, со што буквално спасиле 23 животи – потврдуваат македонски здравствени работници кои биле дел од заедничките тимови. Иако сите странски екипи што дојдоа во земјава покажаа високо ниво на стручност и помогнаа во стабилизирање на ...
Медицинските тимови на Израел и Чешка попладнево беа на прием кај претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, во придружба на нивните амбасадори. Препорачано Тимовите од Израел и Чешка многу помогнаа во лекувањето на повредените кои настадаа од пожарот кој се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, претежно млади и деца, а речиси 200 беа повредени. На лекување надвор од државата се 115 пациенти, а ...