Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од РЕК „Битола“ автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем поради пожар, Комбинатот кој е најголем производител на електрична енергија во државата, веќе шест дена не произведува струја. Од РЕК соопштија дека Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт од 10 јуни, а Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“. За ...

Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од 18:18 часот повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот. Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, попладнево повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа. Сомнежот за саботажа во ...

Вториот блок на РЕК „Битола“ кој е надвор од електродистрибутивната мрежа од 18 јуни поради пожар во близина на ормарот за електронско управување, многу скоро повторно ќе биде вратен во мрежата и синхронизиран, вели портпаролката на РЕК „Битола“, Оливера Михајловска. Вториот од трите блока на Рударско-енергетскиот комбинат беше автоматски исклучен од електроенергетскиот систем по активирање на заштитниот механизам. – Тоа е процес, многу скоро ќе ...