Италијанскиот фудбалски прволигаш Парма го реши прашањето околу испразнетото тренерско столче или поточно околу наследникот на Кристијан Киву кој замина во редовите на Интер. Клубот од „Енио Тардени“ се одлучи за интересно решение и сега го има најмладиот тренер во топ 5 лигите во Европа-тоа е 29-годишниот Карлос Куеста. Шпанецот пет години беше дел од стручниот штаб на Микел Артета во премиерлигашот Арсенал, а претходно има работено во младите ...

Парма официјално го назначи Карлос Куеста за нов тренер по заминувањето на Кристијан Киву, кој се приклучи на Интер. Договорот на 29-годишниот доскорешен помошник на Микел Артета во Арсенал е со важност од 2+1 година. Тоа значи дека Шпанецот станува втор најмлад тренер во историјата на Серија А. На својот деби натпревар за Парма против Јувентус на 24 август, Куеста ќе има 30 години и 26 дена. Единствениот кој бил помлад од него како тренер во ...