Тоа е тоа. Тоа е кога на клупата ќе имаш одличен стратег и затоа ќе имаш “пет од пет“ во Евролигата. Се разбира дека мислиме на Ц. Звезда која со доаѓањето на клупата на Саша Обрадовиќ просто си “гази“ во Евролигата. Така беше и вечерва во преполната Арена во Белград во меч во кој Асвел беше декласиран, просто згазен и резултатски и играчки, а на крајот резултатот гласеше 79:65. И ако не беше она опуштање во последната четвртина, ќе беше се ...

Саша Обрадовиќ во експресен период донесе ред и дисцплина во редовите на Црвена Звезда, а неговата добра работа донесе течна игра и максимална кохезија меѓу играчите кои се на теренот. Црвена Звезда ја оствари четвртата победа во низа во Евролигата со новиот тренер, но ако се брои и онаа остварена со Сферопулос, српскиот великан е во серија од пет победи во најелитното натпреварување. Денеска нова жртва на разиграната машинерија на Обрадовиќ ...