Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Како што објаснуваат агрометеоролозите, сончевото и топло време беше поволно за зреење на црешата, вишната и некои типови зеленчук. Одредени житни култури се во последната фаза од животниот циклус – созревање, која е, исто така, мошне значајна. „Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Земјоделското ...
Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и Претор, 34 во Берово, 31 во Крушево и во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 26 на Попова Шапка. До крајот на денот ...
СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Земјоделските производители да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, зашто високите температури значително влијаат на нивото на влагата во почвата, предупредуваат агрометеоролозите. Топлото време, посебно најавениот бран со над 40 степени што се најавува за претстојната недела ќе се одрази, велат, и врз повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во ...