Голем пожар предмалку избувна во скопско Злокуќани, шест противпожарни екипи се обидуваат да го изгаснат огнот, пренесе Канал 5. Неофицијално зафатени се неколку куќи, а шест екипи се обидуваат да го изгаснат огнот кој се издига високо над населбата. На местото на пожарот има и екипа на брзата помош, но нема информации за евентуално повредени граѓани. Гаснењето оди тешко поради тесните улички кои го отежнуваат пристапот до зафатените куќи со ...

Две лица биле повредени во пожарот што вчера вечер зафати три куќи во населбата Злокуќани во скопската Општина Карпош, од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил изгаснат во раните утрински часови, а на местото е интервенирано со 10 противпожарни возила и поголем број пожарникари, вели за Телма Ѕвонко Томески. Зафатени биле кровни конструкции на три куќи кои се наоѓале една до друга. Постоела опасност огнот да се прошири и ...

Три куќи изгореа во пожар што вчера избувна во населбата Злокуќани во скопската општина Карпош. Препорачано Неофицијално, во пожарот биле повредени две лица кои биле пренесени во болница. Засега не се познати причините, за избувнување на пожарот. Пожарот беше пријавен вчеравечер, нешто по 20 часот, на единствениот број за итни случаи 112. Според пријавата, пожарот првин избувнал во куќа на улицата „Скупи“, а потоа ги зафатил и соседните објекти ...