Таквата состојба ги загрижува жителите на „Ѓољот“, како што го нарекуваат дојранчани Езерото, и не сакаат да помислат дека може да им се случи повторно еколошка катастрофа како таа од крајот на минатиот и почетокот на овој век кога неколку години Дојран повеќе личеше на бара отколку на езеро. Проблемот со празнењето на Езерото во 2002 година беше решен со пуштањето во употреба на хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во ...

Загрижувачка е состојбата со нивото на Дојранското езеро. Тоа е метар под дозволените граници, вели првиот човек на општина Дојран Анго Ангов. Тој побара државата веднаш да интервенира и да ги вклучи функционалните пумпи од системот Ѓавато за не се случи нова еколошка катастрофа. И посетителите кои ги затекнавме покрај Дојранското крајбрежје бараат активирање на системот Ѓавато и полнење на езерото. Езерото престана да се полни за време на ...

Вистинската вистина не била во Владата, како што тврди премиерот Христијан Мицкоски. Туку во фактите на теренот. Кај Дојран. Пред неколку дена премиерот Мицкоски навредливо во стил а-ла Вучиќ се обиде да ја омаловажи новинарката која го праша што станува со системот „Ѓавато“ од каде треба да се напојува Дојранското Езеро, одговарајќи ѝ со прашање: „Дали сте виделе вие дека не работи“, за потоа да се сврти на другата страна и да каже: „Друго ...