Едно лице е убиено во јужна Франција за време на прославата по синоќешната победа на Пари Сен Жермен над Интер Милано во финалето на Лигата на шампиони, соопшти денеска француската полиција, пренесе ДПА. Млад човек бил смртно избоден во градот Дакс, јужно од Бордо, додека толпа луѓе ја славела победата во Минхен, наведе портпаролката на полицијата. Точните околности на инцидентот засега остануваат нејасни, пренесува германската агенција. ...
Полицијата уапси над 500 луѓе за време на прославата на финалето на Лигата на шампионите во Франција, две лица се пријавени за мртви, а 192 се повредени, соопшти денеска француското Министерство за внатрешни работи. Славјето избувна во немири синоќа низ Париз и пошироко, откако парискиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) го победи италијанскиот противник Интер со 5-0 во финалето во Минхен и за првпат да ја освои Лигата на шампионите. Судирите со ...
Центарот на еуфоријата по големата победа на ПСЖ се случи во Париз, каде што навивачите се собраа во огромен број, а славјето го одбележаа низа инциденти на неколку локации во градот кои резултираа со запалени автомобили, вандализирана автобуска станица и директни судири со полицијата Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека во немирите на територијата на целата држава се уапсени 559 лица, од кои 491 во Париз. Најмалку 300 ...