Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. Во дискотеката ...

Деновиве Министерството за внатрешни работи (МВР) врши претрес на бизнисите и имотот на Дејан Јованов – Деко, газдата на т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Претрес и во домот и возилото на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ Освен во т.н. дискотека, досега е направен претрес и во кафулето “Класик“ во Кочани, кое неодамно беше демолирано од страна на револтирани ...

Министерството за внатрешни работи спроведе опсежна акција во Кочани, при што беше извршен претрес во домот на Дејан Јованов, познат како Деко, неговото возило „Инсигниа“ и два угостителски објекти – дискотеката „Пулс“ и кафе-барот „Класик“. Запленети електронски уреди и финансиска документација Покрај претресите во неговиот дом и локали, полициските службеници влегоа и во канцеларијата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во Кочани, каде што ...

Претреси во домот на Дејан Јованов Деко, неговиот автомобил „инсигниа“ и два угостителски објекти, дискотеката „Пулс“ и кафе барот Класик како и во канцеларија на Државен пазарен инспекторат во Кочани поврзани со документација за неговите фирми се направени вчера од страна на МВР во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката Пулс, при која загинаа 59 лица, од кои 6 деца. На распит, според информациите на Телма, беа повикани и неговата сопруга ...