Башкими е тимот што најмногу профитираше од новата рунда во Втората лига откако кумановци по голема борба славеа над Детонит Плачковица со 3-2. Иако на полувреме имаа негатива, фудбалерите на Башкими најдоа начин да направат целосен пресврт и да триумфираат со 3-2, за скок на второто место на табелата. Во прилог на кумановскиот второлигаш оди и резултатот од дербито на колото, во кое Арсими и Македонија ЃП ремизираа без погодоци, по што Арсими ...
Во дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров пропушти шанса да обезбеди математички пласман во Првата лига во пресрет на последната рунда натпревари која следи, но освоениот бод против Арсими ги става „лавовите“ во пол-позиција и ситуација да размислуваат како прволигаши пред мечот со Беласица. Тимот од излезот на Скопје одиграа 0:0 против Арсими и остнаува главен фаворит за првото место и пласман во ...