Во врска со денешното пукање во Куманово, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Игор Мерџановски, соопшти дека на клиниката бил донесен 43-годишен пациент со огнострелни повреди на левата надлактица и десната подколеница. – Пациентот е вон животна опасност, направени се сите потребни иследувања и тој е префрлен на Клиниката за пластична и реконструктивна ...
Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро. – Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување – ...
Зекирија Шахини ранет во вооружен инцидент во Куманово. Носителот на советничката листа во Општина Липково бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување. Шахини е пренесен на Клиниките во Скопје и, според првичните информации, е надвор од животна опасност; ранет е во ногата. Полицијата ја обезбедила локацијата и ги побарува камерите со пристап до местото, додека мотивот и сторителите засега не се ...
Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животозагрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените ...