Битола, 7 ноември 2025 (МИА) - Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), универзитетска единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, денеска одржа Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии. Конференцијата е во функција на усогласување на академските и индустриските иницијативи, со акцент на практичната примена на интернет и информатичките технологии во сите области на општеството, ...
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола при универзитетот Св. Климент Охридски ја организира 15-та по ред меѓународна Конференција за применети интернет и информатички технологии. Конференцијата се реализира во соработка со Технички факултет „Михајло Пупин“ од Зрењанин од новосадскиот универзитет. Експерти оД сајбер безбедност, професори,студенти, наставници од средни уилишта, компјутерски и софтверски експерти од бизнис ...
Конференцијата е во функција на усогласување на академските и индустриските иницијативи, со акцент на практичната примена на интернет и информатичките технологии во сите области на општеството, истакна деканот на ФИКТ, Благој Ристевски. „Оваа конференција претставува важен форум за размена на знаења и искуства меѓу претставници од владините институции, универзитетите, истражувачките центри и индустријата. Посебен квалитет на конференцијата се ...

