Речиси целосно обработени податоци од Државната изборна комисија покажуваат дека СДСМ неочекувано го загуби Крушево, каде што по долги години доминација, водство презема коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според резултатите, Нико Чончески од ВМРО-ДПМНЕ освои 48,58% од гласовите (2.661 гласа), додека актуелниот градоначалник Томе Христоски од СДСМ доби 48,24% (2.642 гласа). Разликата е само 19 гласа, но доволна за промена на ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва прогласи голема победа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека ќе ја слави победата во Брвеница и во Кичево заедно со граѓаните, а рано наутро утре ќе патува за Брисел. Кандидатот на Вреди за Брвеница Хаќим Рамадани ќе биде разрешен од функцијата во Државниот инспекторат за локална самоуправа. Мицкоски му се заблагодари на народот и рече дека ова е заедничка победа. – Ова е победа ...

По пребројување на гласовите во општина Брвеница, во тесна и неизвесна трка победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски. Во битка во владината коалиција, Илијевски освои 4.369 (47,71%), додека кандидатот на ВРЕДИ, Хаќим Рамадани освои 4.224 гласови (46,12%). На сајтот на ДИК стои дека се преброени гласовите од сите 24 избирачки места. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или ...