Младиот 20-годишен фудбалер Михаил Таневски е најновото засилување на најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар. Напаѓачот во главниот град пристигнува од редовите на Пелистер за кој настапуваше од 2022 година. Оваа сезона одигра 18 натпревари во „зелено-белиот“ дрес во прволигашката конкуренција, без забележан гол или асистенција. Покрај за Пелистер, битолчанецот во минатото настапуваше и за вториот тим на хрватскиот состав Осијек. ...

Досегашниот играч на Струга ТЛ, а претходно на Гостивар, јапонскиот интернационалец Масаки Такахара е нов играч на екипата на Пелистер. По засилувањето од Русија, еве сега Битолчани се одлучуваат за новитет од Јапонија. Играч кој на нашата фудбалска јавност и е добро познат и кој што веќе извесен период е дел од ПМФЛ шампионатот. Такахара е офанзивец кој што остави добар впечаток во Гостивар, додека во Струга ТЛ, како да не му веруваа премногу. ...

Откако донесе голем број засилувања, Вардар почна да се ослободува од фудбалерите кои не се во плановите на тренерот Гоце Седлоски, кој инаку вчера на брифингот со новинарите соопшти дека клубот до крајот на преодниот рок ќе му обезбеди уште најмалку два-три фудбалери. Целта на Вардар во вториот дел од сезоната ќе биде да обезбеди опстанок во фудбалската елита, но бидејќи Седлоски сака да се нападне и Куп трофејот, играчкиот кадар мора да биде ...