Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше гостин во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ и детално ја претстави моменталната состојба и резултатите во земјоделскиот сектор, истакнувајќи дека при преземањето на функцијата затекнале целосно запуштен систем кој барал темелна обнова. Тој нагласи дека со конкретни мерки стабилизирани се системите за наводнување, зголемено е производството и обезбедени се подобри услови ...

-Имав чувство јас како министер, со промената на владата дека почнуваме, не од нула да го градиме системот во земјоделство, практично да го враќаме од минус состојба, да е во една позитивна нула, рече Трипуновски. Трипуновски ја посочи состојбата во која водостопанството било оставено од страна на претходната влада и ја спомена браната Калиманци, каде водата се испуштала без потреба, што подоцна создало проблеми со наводнувањето и производството ...