Во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотреси над 4 степени беа регистрирани и синоќа, како што претходно објави МИА, од кои најсилниот беше 5 степени. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на ...
Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина. Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“. Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3 часот и 35 ...
Пет земјотреси го погодија подрачјето меѓу Аморгос и Санторини, соопштил Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина. Најсилниот земјотрес, со јачина од 5 степени според Рихтерова скала, се случи утрово во 3.14 часот, 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“. По тоа следуваа уште четири помали земјотреси со јачина 4, 4,6, 4 и 4,1 степени, кои беа забележани помеѓу 3.35 и 4.23 часот. Во 6.21 часот беше забележан ...
Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотреси над 5 степени беа регистрирани синоќа (точно 5 степени) и минатата среда – 5,2 степени. Вечерва, земјотресот бил почувствуван на речиси сите околни ...