Силни воздушни удари го потресоа Дамаск денеска, насочени кон сириското министерство за одбрана, откако Израел вети дека ќе ги уништи сириските владини сили кои ги напаѓаат Друзите во јужна Сирија и побара од нив да се повлечат. Репортерите на „Ројтерс“ слушнаа воени авиони како летаат ниско над главниот град и извршуваат серија масовни напади врз центарот на Дамаск. Градот е во чад, а од министерството за одбрана се издига густ облак. Досега ...
Претседателот на Сирија го обвини Израел дека сее поделби и дека се обидува да „разбуди тензии и хаос“ во неговата земја, откако израелската војска го погоди срцето на Дамаск, тврдејќи дека тоа било во поддршка на друзиското малцинство, објави Ал Џазира. Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара во четвртокот наутро преку државната телевизија ги нарече Друзите нераскинлив дел од Сирија и ги осуди израелските акции како обид за поттикнување поделби. – ...
Израелската армија соопшти дека денеска извршила напад врз комплексот на Министерството за одбрана на Сирија во главниот град Дамаск, како дел од засилените воени активности со цел заштита на друското малцинство од нападите на сириските владини сили. BREAKING: 🇮🇱🇸🇾 Israel strikes Syrian Defence headquarters in Damascus pic.twitter.com/BGmF2fcKYX — Megatron (@Megatron_ron) July 16, 2025 Израелските напади врз сириска територија траат трет ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изразија загриженост во средата за ситуацијата во Дамаск по израелските напади врз сирискиот главен град, додека сириските власти и челниците на Друзите изјавија дека е постигнат нов прекин на огнот во јужната покраина Свеида. „Сакаме борбите да престанат“, рече Рубио во Вашингтон во средата. Додаде дека САД разговараат со сите вклучени страни и се ...