Научниците од престижниот Научниот институт Вајцман (The Weizmann Institute of Science односно Machon Weizmann LeMada на хебрејски) настојуваат да ги спасат своите експерименти откако иранска ракета уништи зграда во која се сместени десетици од неговите најсовремени лаборатории, пишува Reuters. Ракетата го погоди кампусот на институтот во Реховот, на јужната периферија на Тел Авив, рано наутро во неделата, оштетувајќи многу згради и ...

Израелскиот Ynet пишува, повикувајќи се на официјални лица, дека по нападот на САД врз нуклеарните постројки, Тел Авив сега е подготвен да го заврши конфликтот со Иран, но дека конечната одлука е на иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Ако утре Хамнеи го запре пукањето и каже дека сака да оди кон крајот – ние ќе го прифатиме тоа“, изјавил функционерот за Ynet. За разлика од официјалните лица цитирани од New York Times, кои рекле дека е ...

Иранското Министерство за надворешни работи ја осуди „бруталната воена агресија на САД врз мирните нуклеарни постројки на Иран“, нарекувајќи ја „невидено“ кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право. „Владата на САД, која подбуцнува на војна и крши закони, е одговорна за исклучително опасните ефекти и последици од ова големо злосторство“, се вели во соопштението на министерството. Техеран „смета дека е негово право да ѝ се спротивстави со ...