Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени. Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. © 2020 Телевизија Телма. ...
Само едно гласачко место не било отворено навреме во седум часот, тоа се случило во прилепско село, инфомираат утринава од МВР. Додаваат дека таму гласањето почнало со задоцнување од два часа. На останатите избирачки места гласањето е почнато навреме во мирна, фер и демократска изборна атмосфера. Во текот на денешниот ден на терен се активирани над 90 проценти од капацитетот на МВР. Досега не се евидентирани проблеми. Во текот на вчерашниот ден ...