Поранешната ѕвезда на Челзи и белгискиот репрезентативец Еден Азар стана најновиот член на Куќата на славните на Премиер лигата, со што му беше оддадена чест за неговиот извонреден придонес кон англискиот фудбал. Азар е 26-тиот фудбалер кој го добива ова признание од создавањето на лигата во 1992 година. Во текот на својата седумгодишна кариера во Премиерлигата, Азар двапати ја освои титулата со Челзи и беше избран за најдобар играч на сезоната ...

Поранешниот португалски репрезентативец, Луиш Нани е оптимист околу потенцијалнот, капацитетот на Манчестер Јунајтед во однос на Премиер лигата. Нани верува дека ако „црвените ѓаволи“ продолжат со овој ритам, ја задржат сегашната форма можат да бидат дури и кандидати за пехарот во најсилната англиска фудбалска конкуренција. -Зошто да не? Тие градат силен тим и се обидуваат да се вратат во вистинска конкуренција со тимовите кои секогаш се на ...

Арсенал постави нов англиски рекорд по бројот на „чисти мрежи“ за еден календарски месец. Лондонските „топчии“ станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата што не примил гол на шест натпревари во текот на еден месец, завршувајќи го октомври со совршен биланс во одбраната. Тимот на Микел Артета одигра без примен погодок против Манчестер Сити, Њукасл, Вест Хем, Шефилд Јунајтед, Севилја и Борнмут, покажувајќи исклучителна дефанзивна стабилност ...

Актуелниот првак на Англија Ливерпул претрпе нов пораз откако синоќа загуби од Брентфорд на гости со 3:2. Ова е четврти пораз за „црвените“ во серија (Кристал Палас, Челзи, Манчестер Јунајтед и Брентфорд) и по серијата од пет победи на стартот останаа на 15 бодови. Последната победа Ливерпул ја извојува на 20.септември против Евертон на домашен терен. На дуелот се Брентфорд домашните поведоа со 2:0 со головите на Уатара и на Кевин Шаде, но на ...