Kошаркарите на ТФТ Скопје загубија во драматичен меч од Хелиос Домжале со 83-84 во АБА-2 лигата. Низ максимално израмнет дуел победникот се реши во последните минути, и покрај тоа што македонскиот тим водеше на полувремето со 41-36. Во последната четвртина се влезе во максимално неизвесна завршница, со 72-72 на четири минути пред крајот. Словенците поведоа и со 80-81, па откако Ташовски промаши тројка, по две погодени слободни на Домжале, ТФТ ...
Екипата на ТФТ не успеа да ја запише и третата победа во серија во регионалната АБА 2 лига, откако во доста изедначен натпревар во кој во најголем дел водеа, беа поразени од словенечкиот Хелиос. По почетните десет минути во кои двете екипи не успеаја да направат некоја посериозна предност (гостите имаа минимално воство, 24:23), работите почнаа да се менуваат во втората четвртина. Домашните кошаркари заиграа доста поагресивно во одбраната. Играа ...
Екипата на ТФТ Скопје продолжи со настапите на меѓународната сцена. По победите над Раднички и Војводина, тафталиџани излегоа на мегдан со Хелиос Домжале, а мечот во рамки на АБА-2 заврши со победа на гостите (83-84) во драматичен финиш. Македонско-словенечкиот дуел во СРЦ „Кале“ беше израмнет, а прашањето околу победникот се реши во последните минути. Претходно, Домжале отвори подобро, имаше плус осум на почетокот (10-18), а во вториот квартал ...

