Кошаркарите на Пелистер доживеаја нов пораз во Европа Купот на ФИБА, откако вечерва беа поразени пред своите гледачи од тимот на Керавнос со конечен резултат 74-92. Македонскиот претставник сезонава првпат играше во европските натпреварувања, каде забележа скор од една победа и пет порази. Присутните во салата „Боро Чурлески“ беа сведоци на меч во кој гостите скоро постојано беа во водство, па затоа сосема заслужено на крајот ги освоија ...

Пелистер забележа четврти пораз во серија во ФИБА Европа купот, а вечерва ги разочара своите фанови и со настапот на домашен терен против Керавнос (74:92). Гостите го добија првиот период со 18:29, предноста на кипарскиот тим се зголемуваше и во продолжението, во еден момент стигна и на плус 29, па битолчани немаа можност да се изборат за некаков пресврт и позитивен резултат во шестиот натпревар од групната фаза. Брејси-Дејвис со 16 и Вилсон со ...

Се најавуваше добра игра и дека ќе се оди на победа, на тој начин да се простат од Европа, но битолчани вечерва не само што загубија туку загубија убедливо од Керавнос во ФИБА Европа Купот со 74:92 и тоа на свој терен. Со овој пораз на крајот заврши на последното четврто место во групата, а кипарскиот состав дојде до третата позиција. И повторно одбраната беше проблематична за КК Пелистер, тоа се виде уште на стартот од мечот кога домашните ...