Македонската кадетска ракометна репрезентација денеска ги стартува квалификациите за пласман на ЕХФ ЕУРО М18. Селекторот Горан Кузманоски и неговите момци ќе играа против репрезентациите на Грција, Финска и Луксембург, домаќинот на нашата група Д. Македонија ја чека тридневен маратон, кој го стартуваат денеска против Финска, дуелот е закажан со почеток во 16 часот. Прво и вторпласираните од петте квалификациски групи ќе обезбедат место на ЕП ...

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство во Србија наредната година, откако на квалифиакцискиот турнир во Луксембург денеска во последното коло славеше против домаќинот со 25-17. Нашите надежи одиграа солидно во првото полувреме и на пауза замнаа со позитива од 13-9. Во вториот дел го исконтролираа резултатот за конечни 25-17. Бојан Поповски со шест гола беше најдобар поединец во нашиот табор, додека кај ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија со победа над Финска од 36-29 го отвори квалификацискиот турнир кој се игра во Луксембур. Ракометарите предводени од селекторот Горан Кузманоски се еден чекор поблиску до пласман на Европското првенство за играчи до 18 години, а пласманот може да го потврдат уште утре, кога играме против Грција во второто коло. Македонија имаше негатива од 13-15 на полувремето против Финска, но одличното второ ...