Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доживеа првиот пораз во европските дуели оваа сезона. „Црвено-црните“ дома минимално загубија од Карабах (0-1) во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, па на реваншот во Баку ќе бркаат еден гол негатива за пласман во плеј-офот од елитното друштво, каде ќе чека Лудогорец (Бугарија) или Ференцварош (Унгарија). Со домашниот пораз, паднаа и шансите на тетовчани за завршниот филтер пред ...
Доцна попладнево од 18 часот по македонско време, на стадионот “Тофик Бахрамов“ во Баку, во реванш меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионитем, Шкендија ќе ги одмери силите против силниот Карабах. За потсетување на првиот меч во Скопје шампионот на Азербејџан успеа да слави со 0:1 и затоа ја има таа огромна предност во пресрет на денешниот реванш. Шкендија во Скопје иако беше поразена, реално не беше надиграна, имаше и шанси барем за ...
Фудбалерите на Шкендија денеска го играат реванш дуелот од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Нивни домаќин е првакот на Азербејџан екипата на Карабах. На прес конференцијата тренерот на тетовчани Јетон Беќири изјави: – Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е квалитетен состав. Ние ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел нашиот противник беше подобар ривал, а ние голот го примивме по наша ...