Вечерва од 20.00 часот на „Градски“ во Скопје екипите на Вардар и Струга Трим Лум ќе го играат финалниот меч од 32. фудбалски куп на Македонија. За Вардар ова ќе биде прво финале на купот по 18 години откако последен пат во финалето играше во 2007 година. Таа година пак, Струга Трим Лум не ни постоел како клуб, затоа што е фомиран во 2015 година, а во кратката историја два пати станал шампион во првата македонска лига, прво во сезоната 2022/23, ...
Со освојувањето на Купот на Македонија, екипата на Вардар го прекина постот од 18 години без трофеј во ова натпреварување, а се испиша и веројатно историски податок за македонскиот фудбал. Имено, татко и син имаат пехар во Купот на Македонија со различни клубови. Се работи за актуелниот Претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, како и неговиот син Азер Омерагиќ. Масар Омерагиќ како фудбалер кој зад себе имаше ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, е освојувач на Купот на Македонија за 2025 година, откако во финалето на Националната арена во Скопје ја совлада Струга со 2-0. За „црвено-црните“ ова е шестти трофеј од Купот на Македонија, но прв после цели 18 години. Победата над Струга во финалето од Купот значи дека Вардар се враќа и на европска сцена по пауза од шест години и ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Конференциската ...