ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер го одиграа дербито на колото во плеј-офот, а беше крајно драматично и заврши со победа на актуелниот првак со 26-23, со голови на капитенот Филип Кузмановски во самиот финиш. Мечот беше израмнет, екипата на Алушевски иако десеткувана заради повреди без Матцуока и Ојронокидѕе, му покажа заби на големиот фаворит на хартија и актуелен првак на Македонија. Уште од почетокот и увертирата од 4-1, Охрид даде до знаење ...

Филип Кузмановски е играч на натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, кој актуелниот првак го доби со 26-23 и остана на врвот во плеј-офот од Суперлигата. Средниот бек заврши со 12 гола, а пет од нив ги даде во последните осум минути од средбата. Бомбардираше од секоја позиција, правеше ролинзи и финти за да дојде до позиција за гол и успеа во тоа. Погледнете ги петте гола во самиот финиш кога се кроеше патот до победата... Еурофарм Пелистер ...

Екипата на Еурофарм Пелистер со 26:23 славеше на гостувањето кај Охрид, во ракометното дерби. Со оваа победа битолчани остануваат лидери на табелата со седум бодови, додека Охрид остана на три бодови и е на четвртото место во плеј-оф табелата. Филип Кузмановски е вистински херој на Пелистер. Капитенот на македонската репрезентација беше незадржлив за домашната одбрана и постигна дури 12 голови. Тој решаваше во клучните моменти кога се одлучуваше ...