МАЕСТРО Филип Кузмановски: Петте гола во осум минути, за победа над Охрид! (ВИДЕО)

Филип Кузмановски е играч на натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, кој актуелниот првак го доби со 26-23 и остана на врвот во плеј-офот од Суперлигата.

Средниот бек заврши со 12 гола, а пет од нив ги даде во последните осум минути од средбата. Бомбардираше од секоја позиција, правеше ролинзи и финти за да дојде до позиција за гол и успеа во тоа. Погледнете ги петте гола во самиот финиш кога се кроеше патот до победата...

Еурофарм Пелистер во следното коло од плеј-офот игра дома против Алкалоид.