Родителите кои ги загубија своите деца во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска повторно излегоа на протест во Кочани, вклучително и пред полициската станица. Облечени во црно, држејќи ги фотографиите на загинатите најмили, упатија пораки за правично судење, но и на политичарите им порачаа да не ги злоупотребуваат за политички поени. Меѓу останатото, му замерија на градоначалникот на Кочани што втор марш по ред не им се ...
Голем број родители, роднини и пријатели на 63-те жртви од пожарот во Кочани денес го одржаа петнаесеттиот по ред протестен марш „Марш за ангелите“, јавува БГНЕС. Во тешка тишина, тие повторно излегоа на улиците на Кочани за да ја изразат својата болка и да упатат јасно барање – правда за загинатите и одговорност од институциите. Пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко на 21-годишниот Томче Стојанов, кој го загуби животот во ...
Здружението на родители на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ го повикаа премиерот Христијан Мицкоски да ја објави целосната видеоснимка од нивната средба во Владата на 7 јули. Во нивната реакција на вчерашното владино соопштение велат дека целиот разговор бил снимен од страна на Мицкоски. Препорачано Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната ...
дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 лица. Маршот стартуваше од Паркот на Револуцијата и продолжи кај кафуле „Класик“ во Трговскиот центар, општинската зграда, Полицијата и Основниот суд. Родителите чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава, ги исвиркаа институциите покрај кои поминаа, како што велат, револтирани од нивниот однос и затоа што ги сметаат одговорни за несреќата. Од пред Основниот суд во Кочани порачаа ...