Повеќе од два месеци по трагедијата во дискотеката во Кочани – закрепнувањето на повредените се одвива според планот. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, кај десетина пациенти била извршена трансплантација на кожа, а потоа и PRP третман за ублажување на лузните. Докторката Тодоровска Шапова вели дека закрепнувањето оди добро и оти за петтемина пациенти што сè уште се лекуваат во странство, по враќањето ќе биде обезбеден ...

Александар Нацев е новиот осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, која се случи на 15. Март годинава. Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година. Нацев на 16. март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата: - „Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја ...

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за тешки дела против општата сигурност. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје. Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното ...