Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. - Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот. На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица. ...
На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица. На дел од оние кои им е изречена оваа мерка, вечерва им истекуваат 48-те часа. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вчера изјави дека покрај 16-те лица, на уште едно лице ќе му биде определен 48-часовен притвор. Најави брза и ефикасна истрага која ќе биде најпрофесионално ...