Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел. Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани ...
Осум македонци вечерва или најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел со владиниот авион. Со оглед на тоа што воздушниот простор е затворен, преку копнен пат ќе бидат пренесени до Египет, а таму ќе ги чека авионот да ги пренесе до Скопје. Станува збор за четворица возрасни и четири деца. Останатите од вкупно пријавени 28 македонци кои сакаат да го напуштат Израел, се изјасниле дека ќе чекаат воспоставување на редовен авионски сообраќај од ...
„Веднаш по добиените информации за ескалацијата на состојбата на Блискиот Исток, министерството, преку нашата амбасада во Израел започна активности за евакуација на наши граѓани. Формиран е и кризен штаб за нивно безбедно извлекување. Согласно најновите информации, 28 државјани побарале поддршка за евакуалција. Очекуваме осум наши државјани до крајот на денов или најдоцна утре да се префрлат на безбедна територија. Ќе се организира и безбеден ...