Денот на Европа и годинава ќе биде одбележан и во Македонија, но организаторот „Europe House“ реши да ја истакне солидарноста како мотив, имајќи ја предвид трагедијата во Кочани и желбата да им се помогне на семејствата на настраданите и повредените. Оваа година, на 25 мај, истовремено, во 7 града ќе се организира хуманитарна трка со една цел, да се покаже хуманост донирајќи на Црвениот крст, каде што сите приходи ќе бидат наменети за поддршка ...

Законот за семејствата на настраданите во Kочани кој го поднесе опозициската СДСМ не се најде на денешната собраниска седница, а парламентарното мнозинство гласаше против надополнување на дневниот ред откако тоа го побара најголемата опозициска партија. Потребата од ова законско решение ја образложи пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски кој побара од собранискиот спикер Гаши да предложи надополнување на дневниот ред, но власта не го поддржа ...

Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани, нема да биде ставен на дневен ред. Ова е конечната одлука, согласно гласовите на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ, но и другите партии не го поддржаа предлогот на СДСМ, за кој гласаа 18 пратеници „за“ и еден „воздржан“, од 94 присутни во салата. Епилогот од ваквото гласање доаѓа по низа јавни повици на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка за заедно да го изгласаат овој закон. ...