Министерот за локална самоуправа си заминува од функцијата. Но од владејачката коалиција велат дека тој нема да повлече нога, односно засега не се предвидува некаква реконструкција во Владата. Прва оставка во Владата на премиерот Димитар Ковачевски по осум месеци откако тој е на премиерското место. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември поднесе оставка до Владата, како што наведе, од лични причини. Неговата оставка во ...
Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски и официјално ја поднесе оставката до Влада. Од Владата велат дека премиерот ќе ја разгледа оставката. – Оставката е доставена до премиерот Ковачевски кој пак како мандатар треба да ја разгледа и истата да ја достави до Собранието за да можат и пратениците да дискутираат. А иста е и постапката откако ќе биде донесена одлука и за министерот кој би го заменил Милевски . Поранешниот ...
Оставката уште претпладнето е пратена по службите и таа ќе се достави до Архивата на Владата, одговори за ТВ21 Горан Милевски сега веќе министер во оставка, кој претходно најави и дека ќе се повлече од претседателската позиција на ЛДП. Неговото заминување од политиката, како што објаснува е од лични причини. Ова е прва оставка на министер во владата на Ковачевски. За нов министер за локална самоуправа се споменува Ристо Пенов за што веќе од ...

