Добар меч одигра Интер вечерва на “Меаца“ во Милано во рамките на 9.коло во Серија А, и успеа да ја победи Фиорентина со 3:0. Секако дека во преден план се головите на домашните. Прво Чалханоглу во 66.минута со мајсторски гол од далечина донесе водство, за да пет минути подоцна магија на Хрватот Петар Сучиќ. Просто си се поигра со одбраната на гостите и постигна спектакуларен гол за еуфорија кај Интеристите. Славниот Де Геа на голот на гостите ...
Фиорентина издржа без да прими гол до 66. минута, но од првиот гол на Интер, домаќините без проблем ја обезбедија победата и ја заострија резултатската криза кај „виолетовите“. Интер поведе преку Чалханоглу, Сучиќ пет минути подоцна го зголеми водството, а Чалханоглу со вториот гол ги постави конечните 3:0, со што „нероазурите“ остануваат блиску до водечките Наполи и Рома. Головите може да ги видите ТУКА Катастрофалната серија на Фиорентина ...
На „Џузепе Меаца“, Интер целосно ја оправда фаворитската улога и на убедлив начин со триумф над Фиорентина (3-0) му се врати на победничкиот колосек по поразот од Наполи во минатото коло. Екипата на Кристијан Киву одигра сигурен натпревар, контролирајќи го темпото од првата до последната минута, што резултираше со заслужена победа и искачување на третото место на табелата со 18 бодови – три помалку од водечките Наполи и Рома. Фиорентина успеа да ...


 
            