На доживотниот верен навивач на Ливерпул, на Швеѓанецот Свен Ериксон, поранешен селектор на Англија, ќе му се оствари желбата да седне на клупата на „црвените“. По дијагностицираниот рак на панкреасот на почетокот од годинава, се зборуваше за покана до Ериксон да води натпревар на легендите на Ливерпул и да мине извесно време во клубот. -Среќни сме што можеме да потврдиме дека Свен-Јеран Ериксон ќе биде дел од менаџерскиот тим на легенди на ...

Легендарниот шведски тренер, Свен-Јоран Ериксон, пред извесен период ја шокираше светската јавност со информацијата дека боледува од карцином и дека му останува уште многу малку од животот. 75-годишниот тренер во својата богата кариера водеше голем број на екипи, но никогаш не му се исполни животната желба, да биде тренер на Ливерпул. Јирген Клоп веднаш го повика Ериксон да дојде во тренинг-центарот на Ливерпул и да помине цел ден со фудбалерите ...