Денешната програма на 28. Светско ракометно првенство ќе биде затворена со дербито во Краков меѓу Шпанија и Франција (21 часот), меч кој е борба за првото место во групата пред стартот на елиминациските дуели на шампионатот на кој домаќини се Полска и Шведска. ИХФ одлучи оваа европска, светска ракометна класика да ја судат нашите најдобри арбитри, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Ова е уште една потврда за тоа дека Ѓорѓи и Славе уживаат голема ...
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, наши а светски, и покрај обидот на да бидат дискредитирани од скандинавските медиуми, добија доверба да го судат големото финале во Стокхолм вечерва на светското првенство. Франција и Данска играат во 28. финале на светските првенства. Данска за трета титула и хет-трик, актуелен шампион е, додека Франција по 2017 година игра за нова светска круна, а вкупно седма во историјата. Мечот ќе се игра вечерва во „Теле 2“ ...
Светската ракометна федерација (ИХФ) одлучи финалето на Мундијалот 2023 да го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Така, ИХФ покажа дека македонската судиска двојка е меѓу најдобрите на светот. Начевски и Николов заслужено го добиваат финалето со оглед на тоа како ја делеа правдата на натпреварите на СП на кои беа делегирани, а некои од нив беа вистиснки дерби. Натпреварот за златото ќе се игра во Стокхолм вечер со почеток во 21 часот а во него ...
Денеска се играат последните мечеви на Светското првенство. Во битката за златниот медал ќе се сретнат Данска и Франција, дуелот е закажан со почеток во 21 часот. ИХФ одлучи главната задача на теренот да им ја додели на македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Ова ќе биде трето финале во низа на Македонците, кои ја делеа правдата и на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021. Инаку пред почетокот на Мундијалот, двајцата судии беа посочени како едни од ...