Лука Дончиќ маестрално ја отвори новата сезона во НБА лигата, но Голден Стејт Вориорс лесно триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс, со резултат 119-109. Пред почетокот на натпреварот во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, на Лука Дончиќ му беше даден микрофонот, Словенецот им се обрати на навивачите на Лејкерс и им вети возбудлива сезона. Плејмејкерот се потруди најдобро што можеше за да ги докаже своите зборови, постигнувајќи 43 поени со 12 скока и ...

Лука Дончиќ влезе во историјата на НБА како единствен играч кој имал повеќе од 40 поени, 10 скока и 5 асистенции во првите два натпревари од новата сезона. Лос Анџелес Лејкерс ја совладаa Минесота Тимбервулфс со 128:110, а Лука Дончиќ повторно брилјираше. Во оваа победа, Дончиќ постигна 49 поени и шутираше 14/23 од поле, со 11 скока и 8 асистенции. Тој беше најдобар играч на натпреварот, а неговиот соиграч Остин Ривс исто така беше одличен со ...

Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, имаше шут од игра 17/27 и 7/10 од линијата за слободни фрлања. Имаше и 12 скокови и девет асистенции, му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл. Тој стана првиот играч на Лејкерс од Коби Брајант во 2007година кој сезоната ја почнал со 40+ поени. Но, оваа партија на Дончиќ не беше доволна за победа на Лејкерс, Голден стејт во третиот период направија разлика од 10 поени која ја оддржаа до крајот за ...