Добивај вести на Viber Вечерва преку соопштение се огласија од фабриката Макпрогрес,која вчера беше афатена од пожар. Со соопштението оттаму информираа за следните чекори и се заблагодарија на целата јавност за повиците за поддршка и помош. „Во текот на вчерашниот ден околу 18:30 часот избувна голем пожар во кој во целост изгоре еден производен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови ...

Да купуваме производи на “Винчини”, а со тоа да помогнеме побрзо да се обнови фабриката и вработените да се вратат на работа, ова е главната порака што деновиве кружи во јавноста, по големиот пожар во виничката фабрика “Макпрогрес”. Јавна поддршка за фабриката стигна и од првиот човек на општината. Градоначалникот Миле Петков во писмено соопштение изразува цврста поддршка за менаџментот, вработените и целата компанија во овие тешки моменти. ...

Во видео обраќање пред членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, претседателот Бранко Азески, по несреќата во компанијата „Винчини“, изјави дека со набавка на производи од „Макпрогрес“ придонесуваме за реизградба на компанијата. На состанокот на Управниот одбор, Азески објави дека е формиран кризен штаб и донесена е одлука во петок да се организира средба на сите трговски синџири и претставници на најголемите ...